Македонска општина ќе дава по 20.000 денари за секој новозапишан ученик во средно училиште

  • By klaster3
  • мај 27, 2022
  • 0
  • 532 Views

Пред почетокот на уписите во средно образование, кои започнуваат на средината на следниот месец, упатувам апел до полуматурантите добро да размислат во кое училиште ќе се запишат.

Ги советувам секогаш да се водат согласно личните желби, интереси и афинитети, но пред сé предвид мора да ги имаат информациите за тоа какво образование се бара на пазарот на трудот и какви слободни места се нудат, изјави државниот секретар во МОН Анета Трпевска

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ преку која во моментов се презентираат новините кои за учебната 2022-2023 година ги нудат средните стручни училишта, креирани низ дијалог помеѓу МОН, општините, училиштата и бизнис заедницата.

Стручното образование овозможува полесно вработување, односно побрз и успешен настап на пазарот на трудот, но и добра основа за понатамошно продолжување на академското образование“, рече Трпевска.

Трпевска потсети и дека за само година и половина откако е започната кампањата „Учи паметно, работи стручно“ од 11 дуални паралелки, годинава има 97 кои функционираат во соработка со 200 компании,

а од идната учебна 2022/2023 година се отвораат 223 дуални паралелки во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси.

Како што е познато во знак на поддршка на новиот модел на стручно образование, од лани Владата воведе нови стипендии за ученици кои ќе се запишат во средните училишта за стручно оспособување.

Имено, од почетокот на претходната учебна година, сите ученици коишто се запишуваат во дуалните паралелки во средните стручни училишта ќе добијат стипендија во висина од 3 500 денари 9 месеци во годината.

Дуалните паралелки имаа пракса за учениците и образуваат кадри за однапред познати фирми. Но, месечен надоместок добиваат и учениците од останатите стручни паралелки.

Стручното образование станува интересно меѓу младите и поради проширувањето на концептот на дуално образование – концепт на едукација кој обезбедува повеќе практична обука за учениците и тоа директно во компании.

По повод отворениот ден за идни ученици СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица организираа настан на кој ги презентираа образовни профили на кои деветоодделенците од Македонска Каменица и регионот ќе можат да го продолжат своето образование.

Струките и профилите кои ги нудат во ова училиште се: Техничар за дизајн на облека, Геолошко-рударски техничар и Машински техничар кој е дуална паралелка, како и гимназиско образование.

Она што навистина привлекува внимание, покрај редовните стипендии од МОН, секој новозапишан ученик во ова средно училиште од годинава ќе добива еднократен паричен надоместок од општината.

– Сакам да напоменам дека машинската струка во нашето училиште е дуална паралелка, со таа цел имаме склучено меморандум за соработка со рудникот Саса, голема благодарност до нив коишто не поддржуваат во целиот образовен процес.

Овие ученици кои ќе се запишат во машинската струка од страна на МОН имаат обезбедено стипендија од 3.500 денари за скеој запишан ученик, но еве сега и новина во нашето училиште од оваа учебна година е поддршката која ја имаме од општина М. Каменица од градоначалникот

коишто обезбедија еднократен паричен додаток з секој запишан ученик во остнаните струки коишто ги нудиме, каде што ќе биде обезбеден еднократен причен додаток од 20.000 денари“, изјави директорката на училиштето Данче Гоцевска за каменица.мк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *