Емилија која стана Министер во Словенија за првпат проговори зошто си заминала од Виница, односно Македонија

  • By admin
  • мај 27, 2022
  • 0
  • 598 Views

Како што е познато, од неодамна професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Д ух во новата словенечка влада е министерка за дигитализација. Таа е основач и директор на мрежата ФабЛаб Словениа, а е и директор на Дигитал Иноватион Хуб Словенија.

Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент.

Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.

По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија.

Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.

Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор иги завршува како најдобар студент.

Емилија на 16 години заминува од родната Виница во Марибор, каде што станува доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана.

Но, мотивирана од тамошната политичка ситуација како и многумина интелектуалци како што вели одлучуваат да му стават крај на двегодишното едноумие.

Словенија преминала во општество какво што никој не се надевал дека ќе биде пред 5 години. Сега е дел од новата влада па ги сподели предизвиците со ТВ21.

„Јас ја напуштив Македонија кога бев стара само 16 години, а кога имаш 16 години не размислуваш баш толку далеку во иднина.

Јас сакав да одам негде каде што стварно нема да биде важно кој се мои родители и од какво семејство доаѓам, туку кој сум јас, што знам, сама да се докажам. Таа програма ми беше интересна и се пријавив за стипендија која ми беше одобрена и така се почна.

Потоа Емилија направи мала паралела со својот роден град за идејата која ја водела да влезе во политиката и она што го прави, а тоа е ницијативата за „паметни села“.

„Знаев дека во Виница не ги имав сите можности како некој што се родил и живеел во Скопје, Битола, Охрид, сакав да покажам дека и малите, градови, села имаат потенцијала, луѓето да живеат квалитетен живот“.

Образовниот систем во Македониja е одличен за тоа што добивам многу добри студенти. Во прва година секогаш имаме околу 10 проценти студенти од странство, а најдобрите студенти доаѓаат од Македонија.

Исто така добиваат и многу награди. И на факултетот велат дека најдобрите студенти доаѓаат од Македонија. Во поглед на кадри и знаења, Македонија е на многу добра позиција“, изјави во интервју кое во целост со видео прилог може да го проследите на ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *