На Бугарија не и помага ниту давањето пасоши на Македонците: Бројките тоа го покажуваат

  • By admin
  • јануари 7, 2022
  • 0
  • 621 Views

Од соседна Бугарија пристигна вест која вели дека населението на Бугарија се намали на 6,5 милиони. Ова е прелиминарната бројка објавена од Националниот институт за статистика по национален попис што се одржа минатата есен.

Тоа е најголем пад од почетокот на попишувањата: намалување од 844.000 луѓе во споредба со претходниот попис во 2011 година, односно пад од 11,4 отсто.

Исто така, ова е најмалата популација што ја имала земјата од 1934 година, а ситуацијата само ќе се вл ошува – постарите луѓе на возраст над 65 години се зголемија на речиси една четвртина од населението, а процентот на млади луѓе благо се намалува од 16,1 отсто во 2011 година на 15,9 во овој попис.

Најизразено е намалувањето на бројот на возрасни работоспособни луѓе, кој падна за речиси еден милион (поточно 886.000) за една деценија.

Сите градови, освен Софија изгубија население, но ситуацијата е многу пол оша во северна Бугарија, каде сите регионални центри изгубија меѓу 23%-26% од своето население во период од една деценија.

Бугарија е дел од најбрзо раселуваниот регион во светот. Речиси сите други земји од Централна и Источна Европа изгубија слични бројки од својата популација во претходните децении – првиот бран настапи по падот на ком унизмот, а вториот по влезот на овие држави во ЕУ.

Демографските трендови многу тешко се менуваат, особено за една деценија. Значи, може да се замисли дека населението ќе продолжи да се намалува.

Националниот институт за статистика ги очекува конечните резултати од пописот до крајот на 2022 година. Претходниот попис беше спроведен во 2011 година.

На нашиот сосед во зголемувањето на населенито очигледно не му помогна ниту издавањето на пасоши и на бројни Македонци во изминатите години.

Мал е бројот на оние кои одличиле да се преселат и да останат да живеат во Бугарија. Во најголем дел и нашинците со бугарски пасош се иселуваат пред се во западно европските држави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.