Познато кои се најпосакувани држави за иселување, но Швајцарија и Германија ги нема ни во првите 20

  • By admin
  • јануари 7, 2022
  • 0
  • 401 Views

Според последните информации, ширум светот живеат околу 56,8 милиони иселеници, а се очекува растот да продолжи во следните неколку години.

На овој тренд се очекува да влијае и помасовната работа од дома, која сега им овозможува на милиони луѓе да работат од речиси секаде на планетата.

Во изминатите пет години имаше годишна стапка на раст од 4,7 проценти. Но, ако сте „амбициозен иселеник“, според цеоворлд.биз
тогаш веројатно не ви е сеедно каде ќе се преселите.

Во една студија беа разгледани голем број фактори како што се личната среќа, здравјето и благосостојбата, безбедноста, дигитализацијата, квалитет на животната средина.

Леснотија на живеење, чувство како „дома“, потоа љубезноста на локалното население, наоѓањето пријатели, личните финансии, изгледите за кариера и задоволство.

Работа и слободно време, економичност и сигурност на работа, квалитет на живот, подобра плата, подобра рамнотежа помеѓу работата и животот и потрагата по позначајна кариера.

Сето тоа, за да се утврди кои странски држави се „најповолни“ за иселениците. Според студијата, најголемиот дел од глобалните емигранти – 71 отсто – се индивидуални работници.

Студентите, иселениците во пензија, работниците кои добиваат трансфер преку компанијата и сите други групи иселеници – сочинуваат соодветно 8 отсто, 4 отсто, 3 отсто и 14 отсто.

Иако странските студенти (8 отсто) сè уште не се првата група, студијата проценува дека оваа категорија ќе има најбрз раст помеѓу 2021 и 2025 година, со комбинирана годишна стапка на раст од 6,8 проценти.

Исто така, се предвидува дека индивидуалните иселеници ќе имаат втора најсилна стапка на раст од 4,1 отсто, потоа пензионираните емигранти (3,2 отсто) и работниците кои добиваат трансфер преку компанија (3,1 отсто).

Стејт департментот на САД проценува дека 10 милиони Американци живеат надвор од Соединетите Држави. Интересно е тоа што земјите како Германија или Австрија – во кои нашите луѓе традиционално се собираат, се во долната половина на листата, која се состои од 50 избрани локации.

Првите 5 места на листата земји кои се класифицирани како „најдобри“ за емигранти во 2022 година се: Канада, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Тајван, Мексико и Виетнам.

Следните 5 позиции ги заземаат: Португалија, Малезија, Тајланд, Костарика и Еквадор.

Потоа следат Колумбија, Чешка, Шпанија, Бахреин, Сингапур, САД, Франција, Филипини, Украина и Обединетото Кралство. Ирска е на 21. позиција, иако во последно време таа земја станува се попривлечна за луѓето од Балканот, што го потврдува и оваа приказна.

Следни се Швајцарија, Индонезија, Кенија, Кина, Нов Зеланд, Панама, Оман, Австралија, Естонија. Малата земја Луксембург е на 31. место, потоа следи Катар, па Австрија, која е на 33. место.

Уште поголемо изненадување е Германија, која според оваа студија е на 37. место, пред Романија, Холандија и Бразил. Данска, Норвешка и Финска се една по друга, зад Германија, а Чиле е на 41. место на актуелната листа. Потоа следуваат Грција, Полска, Белгија, Саудиска Арабија.

Последните 5 од 50 места се Јужна Кореја, Шведска, Унгарија, Турција и Кувајт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *