Тетовски пожарникар со сведоштво што затекол со колегите во модуларната болница по пристигнувањето

  • By admin
  • септември 8, 2021
  • 0
  • 32446 Views

Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Сведоци на настанот велат дека има повеќе лица кои го изгубиле живото, но тоа засега се уште не официјално потврдено.

Пожарот избувнал околу 21 часот. Модуларната болница е речиси целата изгорена. Тетовската градоначалничка Теута Арифи пред новинарите изјави дека нема информации за причините за пожарот.

Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.

-Информирана сум дека пожарот започнал многу брзо и брзо се шири. Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Противпожарните екипи излегле на терен и пожарот бил локализиран, а околу 22.30 часот бил изгаснат.

Во истиот учестувале седум противпожарни возила со над 30 противпожарни возила.

„Точниот број на лица кои го загубиле животот, пов редените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените.

Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба“, соопшти МЗ.

Во моментов не се познати причините за пожарот. Во тетовскиот Ковид-центар се хоспитализирани над 80 пациенти. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од пожарот во модуларната болница.

– Екипите за три-четири минути пристигнаа на лице место, со седум возила и над 30 пожарникари учествуваме од двете страни.

Се беше во пламен, кога пристигнаа екипите. Тоа е внатрешно, не е надворешно. Се што е од наша страна употребено и во 21 часот и 30 минути пожарот е локализиран, а во 21 часот и 45 минути е комплетно изгаснат.

Пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жр тви. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се.

Има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации, изјави Трајчевски, заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *