Никола Груевски се огласи по повод празникот – имаше што да каже

  • By admin
  • септември 8, 2021
  • 0
  • 4070 Views

Македонија денес слави 30 години од своето осамостојување, а поради тоа пристигаат честитки од многу страни.

Една од нив е и од порнештниот македонските премиер Никола Груевски кој неколку години е во азил во Будимпешта, Унгарија.

Тој вообичаено како и во изминатиот период се огласи преку својот профил на фејсбук каде што напиша:

На 8-ми Септември 1991 година граѓаните на Македонија во огромно мнозинство го поддржаа референдумот за независност, по кој следеше одвојување од југословенската федерација која веќе беше во длабока кри за и започнати во ени кон фликти.

Иако повлекувањето од Македонија на Југословенската Народна Армија траеше и во дел од 1992 година и не одеше така едноставно, сепак 8-ми Септември е денот кој е симбол на независноста.

Со тоа се оствари и вековниот сон на многу генерации кои понесоа огромни жтви заради остварување на тој стремеж за формирање самостојна, независна и суверена Република Македонија, без чии напори и делумни успеси немаше да постои можност да дојдеме до референдум на 8-ми Септември 1991 година.

Носители на тој триумф беа сите граѓани на Македонија кои одлучно излегоа и гласаа за независноста и секако, тогашната влада на Македонија предводена од Премиерот Никола Кљусев чии членови се изложија на огромен личен риз ик, како и Собранието, Претседателот на државата и политичките партии кои го дадоа својот потребен придонес во тој процес.

Оттогаш Македонија помина многу премрежија и кризи, многу напредок и успеси, како и многу падови и неуспеси, но придобивките од гласањето на овој референдум останаа трајна вредност, а Македонија денес слави 30 години независност.

Државата, независноста и слободата треба да се чуваат, зајакнуваат и надградуваат за да се имаат и тие не се еднаш за секогаш добиени. Ова воедно е и обврска на денешната и сите идни генерации Македонци и сите граѓани на Македонија, како и нивните политички претставници.

Нека е честит празникот на независноста! Нека е вечна Македонија!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *