Пристигна првата странска понуда за помош за Тетово – се огласија нашите соседи

  • By admin
  • септември 9, 2021
  • 0
  • 7470 Views

Уште еден голем празник во Македонија за жал остана во сенка на пожар, овојпат во Тетово кој однесе и човечки животи.

За денеска во 10 часот е закажана итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој вечерва целосно изгоре ковид центарот во Тетово. Информацијата утринава ја потврдија од Владата, а и истата синоќа ја најави и премиерот Зоран Заев.

– Закажавме во 10 часот Влада, изјави Заев, кој не сакаше да соопшти повеќе детали затоа што, како што рече, изјави ќе нема додека надлежните прават увид и работат на утврдување на причините за пожарот.

Телата на 14 упокоени во вчерашниот пожар во Тетово се предадени во Институтот за судска медицина во Скопје. По наредба на петте обвинители кои се вклучени во истрагата, се прават обдукции врз починатите во пожарот кои настрадаа лекувајќи се од ковид-19.

Уште вчера по настанот во Институтот за судска медицина се формирани 5 тимови со по 2 судски медицинари кои заштитени во скафандери, штитници и друга опрема за заштита од ковид-19, работат комплетни анализи кои треба да утврдат од што настанала, но и ДНК анализа за да го утврдат идентитетот

Уште вчера по настанот во Институтот за судска медицина се формирани 5 тимови со по 2 судски медицинари кои заштитени во скафандери, штитници и друга опрема за заштита од ковид-19, работат комплетни анализи кои треба да утврдат од што настанала смртта, но и ДНК анализа за да го утврдат идентитетот.

Претседателот на соседна Србија Александар испрати пораки за поддршка и изрази сочувство до семејствата на жртвите од пожарот.

– Бев крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово. Споделуваме голема бо лка со луѓето од Северна Македонија, подготвени сме да пружиме секаква братска помош.

Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жтвите и граѓаните на Северна Македонија, кои беа по вредени и брзо се опоравуваат – напиша претседателот на својот Твитер профил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *