Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.
Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.
На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.
Лазар Бараков пред неколку дена се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус и притоа напиша:
Внуче, само Напред! Од нашата фамилија сите знаеле да бидаат скромни и чесни! Повеќе работеле за друг, отколку за се себе.
Нашата фамилијарна девиза е: Кога е богат комшијата , богати сме и ние, и затоа имаме мирен сон, Со Христовото учење, Господ ни помага!
Во постот на Ѓорѓе Божинов кој е кандидат за градоначалник на Ново Село од редовите на ВМРО – ДПМНЕ се вели:
Почитувани сограѓани, од овој момент сум официјален Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ново Село, изразувам Благодарност до Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Мицкоски за укажаната доверба да бидам кандидат за градоначалник.
Им благодарам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село и сите мои сограѓани кои со добар збор ме исправија пред уште еден голем предизвик.
Истовремено честитам на мудриот избор и проценката дека во конкретниот момент потребна е млада енергија за да ги промени работите во нашата општина.
Јас ја превземам одговорноста и ќе водам напред, Ве повикувам да ми се приклучите на патот кој заеднички ќе го изодиме многу полесно. Јас сум научен да се борам и ова е бо рба од која не отстапувам.
Со Господ напред – Ќе победиме!