Алириза од Авганистан проговори и откри што се поминал за да дојде до Македонија

  • By admin
  • септември 3, 2021
  • 0
  • 5975 Views

Како што е познато пред неколку дена на аеродромот во Скопје слета првиот авион со граѓани на Авганистан кои ќе бидат сместени во нашата држава.

Според најавите од властите се очекува во следниот период да пристигнат дополнително нови жители од Авганистан.

ТВ 21 направи прилог од местото каде што првите 149 згрижени Авганистанци во Скопје. Времето го минуваат дружејќи се и играјќи.

Еден од нив кажува дека патот што го поминале за да се спасат бил многу долг и ст ресен.

„Зоната во Кабул беше многу лоша, требаше да патуваме до Мазар Ал Шариф а потоа од таму до Грузија, па од таму дојдовме овде во Македонија, Скопје“, истакна Алириза.

Раскажува дека некои од неговите роднини се уште се во Авганистан, а од нив дознава преку телефон дека се многу ис плашени.

„Тие исто така се исп лашени, ноќта ја минуваат, контактирав со некои роднини кои се уште се во Кабул, разговарав со нив, многу се ис плашени бидејќи пред неколку дена кога американската војс ка си заминувала од аеродромот, имало пу котници во воздух“, посочи Алириза за ТВ 21.

Од Владата повторуваат дека не станува збор за бег алци, туку за луѓе кои работеле во меѓународни организации и кои се привремено во земјава.

Граѓаните од Авганистан со кои денеска разговараше ТВ21, велат дека најмногу им е потребен бербер и менувачница за да можат да купат основни продукти. Што се однесува до сместувањето и пречекот, велат дека се на ниво.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *