Сузана Гавазова даде ветување и порача: Да живее Македонија

  • By admin
  • септември 2, 2021
  • 0
  • 1553 Views

Како што беше најавено, вчера на ракометното игралиште во Битола се одржа голем концерт на кој публиката уживаше во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазхaр и Зуица Лазова.

Сите овие изведувачи ги пратеше познатите музичари од групата „Молика“.

Ова воедно беше голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заедници, како што се Ромите, Турците и Бошнаците.

Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи имаа прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката.

Една од најголемите ѕвезди на настапот беше Сузана Гавазова. Без сомнение македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години и важи за најпопуларната.

Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Нема сомнеж дека фолк пејачката Сузана Гавазова е една од најомилените домашни пејачки.

Сузана Гавазова важи за една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Сузе вчера објави заедничка фотографија со своите колеги на Инстаграм и притоа упати порака во која што вели:

-Нашата македонска песна се пренесува од генерација на генерација! Ќе ја чуваме и негуваме нашата песна бидејќи го отсликува минатото на еден народ.

Се пееше и на Турски, Ромски, Босански, Српски… и со тоа се отсликува еден народ затоа што ние отсекогаш сме живееле со повеќе народи или е етничка група со различни култури, јазици и религии.

Мултинационална држава е име на историска и модерна држава. Да живее Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *