Двете најнаселени држави во Австралија забележаа рекордни бројки кога станува збор за новозаболени од Ковид-19.
Во државата Нов Јужен Велс, во главниот град Сиднеј, забележани се 681 случај во последните 24 часа, што е нов негативен рекорд, а претходниот забележан беше до средата – 633 случаи, јави АП.
Соседната држава Викторија регистрира 57 нови случаи во главниот град Мелбурн, што е најголем број дневно заболени уште од последните денови на вториот бран инфекции забележан во септември 2020 година.
Во Сиднеј, мерката за затворање е продолжена до септември, а денеска се воведени построги мерки за контрола на делта варијантата на коронавирусот, вклучувајќи полициски час и задолжително носење маски на отворено.
Австралија пријави 642 локално преносливи инфекции во последните 24 часа, наведувајќи дека четири последователни денови бројот на заразените надминува 600.
Сиднеј е под клуч од крајот на јуни, откако беше регистриран првиот случај на инфекција со многу заразниот вид на делта.
Карантинот во Сиднеј требаше да заврши на 28 август, но Владата објави дека ќе го продолжи до 30 септември.
Полицискиот час се воведува од понеделник и ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро, а ќе важи за предградијата на Сиднеј, каде има најмногу заразени лица.
Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници. Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци.
Како што е познато токму голем дел живеат во Сиденј или во областа околи овој град.