Германија од недела воведе нови правила за влез на патници од Македонија

  • By admin
  • август 20, 2021
  • 0
  • 11467 Views

Од Германската амбасада во Македонија информираа денес дека Македонија од 22.08.2021 година е класифицирана како област со висок ри зик.

Сојузната влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Македонија ја клафицираше како подрачје со висок риз ик на инфекција со Ковид-19.

Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција.

Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин).

Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување.

Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

Ограничувања за влез за патници од Македонија

Лица над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (види листа на Институтот Пол Ерлих), и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена.

На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани.

Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид горенаведените обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави.

Повеќе информации може да најдете на веб страната на Сојузното министерство за внатрешни работи.

Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа

Ве молиме, пред можниот влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, да се информирате кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).

Лицата кои патуваат ит но се советуваат внимателно да се информираат за актуелно важечките правила за обврската за тестирање и карантинот на веб страната на Министерството за здравство на Германија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *