Два македонски града бараат карантин – Немаме слободни места, нема доволно кислород

  • By admin
  • август 20, 2021
  • 0
  • 21569 Views

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи.

Скопје – 357, Гостивар и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1.

Од 9.881 нови во периодот од 6 август заклучно со вчера, 8.374 не биле вакцинирани а 1.507 лица или 15 отсто биле целосно вакцинирани односно ги примиле двете дози вакцина.

Кај хоспитализираните овој процент е уште повисок па од 724 пациенти кои се лекуваат во моментов само 9 отсто, односно 66 пациенти се цлосно вакцинирани.

Бројките од ден на ден се зголемуваат а особено тоа е видливо во западна Македонија

Ситуацијата со бројот на нови забо лени со ковид во ург ентниот центар Гостивар денеска е сер иозна. Нема слободни кревети во ниту едно одделение кое е претворено во ковид центар.

Бројот на оние на кои им е потребен болнички третман се зголемува од минута во минута. Нема ниту доволно медицински персонал, ниту кислород. Лекарите од одделението за за разни болести бараат во градот да се воведе карантин.

„Во последниве 24 часа се случува вистински. Интерното одделение и неврологија се полни, модуларната болница исто така. Имаме пациенти на кои им треба кислород, немаме кислород, немаме слободни места, така што ситуацијата е надвор од кон трола.

Имам барање до надлежните органи, зборувам од теренот, да се воведе карантин што е можно поскоро за да се спасат оние кои не се зар азени.“ изјави за Алсат ТВ, доктор Недим Салиу од Гостивар.

Исто е и во Тетово каде што лекарите го дела мислењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *