Горан Пандев донесе голема одлука – ја соопшти пред неколку моменти

  • By admin
  • јуни 20, 2021
  • 0
  • 3557 Views

Македонската фудбалска селекција веќе се навикнаа на облачниот Амстердам. Момците на Ангеловски два дена по ред тренираа во тренинг центарот на големиот Ајакс, а попладнево за првпат ќе го почувствуваат тревникот на „Јохан Кројф Арена“.

Пред дуелот со европскиот првак од пред 33 години и тројниот светски вицешампион, Холандија, селекторот Игор Ангеловски денес зборуваше на официјалната прес-конференција.

„Горан не тренираше, бидејќи против Украина играше со две блокади. Сепак, утре ќе настапи утревечер. Холандија е апсолутен фаворит, но ние мора да ги повториме добрите работи од натпреварот против Украина и да се бориме за позитивен резултат. Знаеме која е Холандија, но против такви селекции треба да се покаже квалитетот и да се извади максимумот.

Она што беше добро на првите два натпревари треба да ги сочуваме и да се подобриме. Утре играме со подобра репрезентација од претходните два ривали, кои загубија од Холандија, па мораме да бидеме беспрекорни“, рече селекторот.

Секој момент на Европско првенство треба да се доживее и почувствува, па дуелот со Холандија има своја важност и убавина. Селекторот Игор Ангеловски уште има дилеми околу стартниот тим, но со сигурност ќе менува во споредба со стартниот состав против Украина.

На прес-конференцијата на „Јохан Кројф Арена“, капитенот Горан Пандев рече:

„Ова за мене е последен натпревар во дресот на репрезентацијата. И јас и колегите и селекторот остваривме нешто што не знам дали некоја друга генерација ќе го оствари. Ова е прав момент да се простам од репрезентацијата. Оваа генерацијата може да ни донесе многу радости и во иднина, па верувам дека ќе изборат и Светско првенство.

Утрешниот натпревар е посебен, среќен сум што се простувам на големо натпреварување, бидејќи сонот ми се оствари и подобро простување од натпреварот против Холандија на „Јохан Кројф Арена“ не можев да посакам.

Имам емоции, но знам како да се носам со вакви ситуации. Можеби по натпреварот ќе ми биде чудно, затоа што не знам како ќе продолжи мојата кариера.

Сакав да завршам пред полни трибини во Скопје, затоа се спомнуваше опцијата да настапам против Германија. Но, ова е дефинитивен крај и веројатно ќе завршам и со клупскиот фудбал и ќе ја ги „закачам копачките на клин“. Играње на два фро нта на 38 години за мене е преголем товар и ова е дефинитивен крај на репрезентативната кариера.

Утре треба да бидеме храбри, да играме отворено како во второто полувреме против Украинците. Холандија е многу моќна, но можеме да ги изненадиме“.

Нашиот капитен потоа посочи кои фудбалери имаат можност и карактеристики да го заземат неговото место како лидер.

„Ова селекција има повеќе лидери. Тука се Стефан, Адеми Ељиф, Барди… Имаат уште многу натпревари и можат да ја понесат репрезентацијата на свој грб. Имаат квалитети и можат да понудат уште многу во дресот со државниот грб“, заврши Пандев.

Македонија не може да ја заврши Ц групата на друга позиција од четвртата, но ќе се обиде да го освои првиот бод на натреварувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.