„Пропуштив испитна сесија, термин за вакцинација, одложив работни обврски, потрошив доста пари“

  • By admin
  • јуни 20, 2021
  • 0
  • 4780 Views

На македонската фудбалска селекција и останува уште еден натпревар од историскиот настап на ЕП 2020. По двата порази од Австрија и од Украина сега следи утрешниот меч со Холандија во Амстердам.

Поради ограничувањата во патувањата, македонските навивачи беа спречени од Букурешт да се преселат во Амстердам. Но сепак и таму ќе имаме поддршка од нашите иселеници во европските држави.

Впечатоците и доживувањата на оние кои што беа во Романија се уште се сумираат, а едно такво е на профилот на Боемот на Инстаграм во кое се вели:

Tаму каде што не’ рас парчија – таму се обединивме

Ова што се случуваше претходните седум дена ќе го памтам до крајот на мојот живот. Македонците сплотени како никогаш до сега. Црвено-жолти знамиња во Букурешт на секој чекор. Навивање, пеење, пиење, дружење.

Пропуштив испитна сесија, термин за вакцинација, одложив работни обврски, потрошив доста пари… И за ништо ни најмалку не ми е криво. Најдобри седум дена во мојот живот.

Немам зборови со кои можам да ја опишам целата ЕУРОфорија. Во период кога политичарите пробаа да ја уништат Македонија и да ја избришат од мапата, ние го направивме токму спротивното.

Ни помалку, ни повеќе, туку во Букурешт. Така каде што не’ рас парчија во 1913 година, ете таму се обединивме во 2021.

Испишавме историја како на теренот, така и на трибините. Букурешт јасно дозна дека ,,Македонско име нема да загине”.

Испеавме химна каква што досега не се видело на Европското првенство, испративме јасна порака до Европа кој е нашиот идеал: ,,Никогаш Северна – Само Македонија”.

Направивме модерна Крушевска република и знамето одново се вееше. Браво за навивачите, фудбалерите, патриотите кои од дома ни даваа поддршка. Македонија вечна!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *