Кешот во Германија повторно е на мода

  • By admin
  • јуни 21, 2021
  • 0
  • 919 Views

Како што е познато во Германија работат и живеат голем број Македонци, а оваа појава бележи знаци на тенденција дополнително да се зголеми.

Секако главен фактор за преселба е егзистенцијалниот, односно од финансиски карактер.

Побарувачката за готовина се зголеми во Германија за време на пандемијата во 2020 година и покрај широкиот спектар на опции за плаќање, покажа истражувањето на централната банка.

Вкупната вредност на банкнотите издадени во 2020 година се зголеми за 9,5 проценти, објави Бундесбанк. Тие исто така забележуваат дека побарувачката драстично се зголемила на почетокот на пандемијата во март минатата година.

– Претпоставувам дека луѓето во пандемијата собираа готовина бидејќи ги мачеше несигурноста, но и затоа што немаа шанса да ги потрошат, истакна извршниот директор на Бундесбанк, Јоханес Берман.

Според него, „пандемијата на коронавирусот предизвика голема несигурност”.

– Се уште не може да се процени кога и како овој тренд ќе се нормализира во услови на опаѓање на случаите на зараза и олеснување на ограничувањата, додаде официјалниот претставник на Бундесбанк.

– Забележуваме дека готовинските депозити повторно растат во филијалите на банките и дека луѓето се повеќе подигаат пари, додаде тој.

Бундесбанк проценува дека 40 проценти од побарувачката е генерирана од желбата на граѓаните да чуваат готовина дома, а можна причина за растот е обидот на граѓаните да избегнат негативни каматни стапки на заштедите.

Комерцијалните банки во еврозоната плаќаат негативни каматни стапки од 0,5 проценти на депозити во Европската централна банка (ЕЦБ) и многу од нив се повеќе ги префрлаат трошоците не само кон компаниите, туку и кон граѓаните, јави ДПА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *