Меси е добитник на Златната топка

  • By admin
  • ноември 29, 2021
  • 0
  • 236 Views

Она што се најавуваше во претходните денови, сега е и официјално – Лионел Меси по седми пат се закити со „Златната топка“, уште повеќе зголемувајќи го своето конто и предноста во однос на Кристијано Роналдо.

Иако за многумина веројатно Левандовски требаше да ја понесе наградата, „Франс Фудбал“ остана доследен на своите критериуми, а притоа не сакаше да ја исправи „неправдата“ од минатата година кога со откажувањето на церемонијата го остави Полјакот без заслуженото признание.

Многумина мислеа дека ќе му вратат за тоа оваа година, но една пречка застана на патот, а тоа е Лионел Меси.

Аргентинскиот репрезентативец е избран за најдобар фудбалер на светот за 2021 година во изборот на францускиот магазин Франс Фудбал, а триумфираше пред Роберт Левандовски.

Меси минатата година го освои првиот голем трофеј со Аргентина – Копа Америка, а покрај тоа беше единствениот на ниво кога е во прашање Барселона.

Минатата сезона одигра 49 натпревари и постигна 40 гола со 16 асистенции. Со Барса го освои Копа дел Реј и беше најдобар стрелец на шпанската Ла Лига и Копа Америка.

Меси претходно ја освои Златната топка во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.

На доделувањето Меси призна дека наградата ја заслужува и Левандовски. Напаѓачот на Баерн требаше да ја добие Златната топка минатата зима, но поради пандемијата на коронавирус, нејзината награда беше откажана.

„Сите знаат и сите се согласуваме дека требаше да бидеш победник минатата година. Се надевам дека Франс Фудбал ќе ти ја додели Златната топка за 2020 година. Сите веруваме дека ја заслужуваш и ќе ја имаш дома“, рече Меси.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *