Д-р Пановски: Рестриктивни мерки треба да има

  • By admin
  • ноември 30, 2021
  • 0
  • 349 Views

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 во Северна Македонија е стабилна, засега нема да се воведуваат нови мерки и рестрикции, а внимателно ќе се следи состојбата со ширењето на новиот сој Омикрон, најавија здравствените власти. Дали може да се биде спокоен?

„Без разлика на новиот сој омикрон, рестриктивни мерки треба да има“, вели микробиологот д-р Никола Пановски.

„Омикрон ќе дојде, ама му треба време. За него ќе треба да се обрне внимание пред Нова Година. Но, да не чекаме да се повтори ситуацијата како со Делта сојот. Тогаш сметаа дека нема потреба од контрола на границите за граѓани кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на Делта сојот, а кога воведоа мерки – се однесуваа за излегување од земјава“, потсетува д-р Пановски.

Според него, најдобро е во овој период училиштата да преминат на онлајн настава, или барем на комбиниран модел „пола – пола“.

„Исто така, по 22 или 23 часот не треба да има собирања надвор, а бројката на присутни во угостителски објекти да се редуцира на 30%“, смета д-р Пановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *