Џими од Молика откако му дојде сметката за струја: Сигурно дека не прават будaли од ЕВН

  • By admin
  • март 7, 2022
  • 0
  • 497 Views

Кога ќе се спомене Анета и гурпата Молика кај сите буди позитивни чувства, а како и нема кога секоја нивна свирка и забава се за паметење.

Анета и нејзиниот сопруг Џими се долги години на музичката сцена што е само уште еден доказ дека квалитето се цени и проаѓа кај фановите.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Анета и група Молика откако опуштија мерките и по речиси двегодишна стагнација од настапи, во изминатиот период се мошне активни на сцената.

Гостуваат во локали ширум нашата држав, но и преку границите, а и се гости на многу емисии. Сопругот Џими исто така е познат и како голем љубител на моторите за што сведочат неговите чести објави на социјалните мрежи.

Но овојпат тој на својот профил на фејсбук се огласи за друга тема, а тоа е висината на сметката за електрична енергија:

„Сигурно дека не прават будали од ЕВН. За деловен обект кој не работи воопшто ми дојде струја 3600 денари, не ми е јасно зошто.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *