Атиџе бара работа: Со 4000 денари месечно не се живее

  • By admin
  • март 7, 2022
  • 0
  • 423 Views

Јавноста и понатаму со големо внимание продолжува да го следи животот на главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова која ја краси нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Во меѓувреме и беше купена куќа во слеото Дорфулија каде со помош на хумани луѓе истата беше средена и таа се пресели и живее таму.

Атиџе потекнува од петчлено семејство. Од татко Рамадан и мајка Назифе, а фамилијата ја сочинуваат и тројцата браќа Феи, Мехмед и Наиз.

„Јас уште од мала што работеа браќата, работев и јас. Не дека ме тераа, туку јас едноставно сакав, каде тие, таму и јас, на нива, со стока“, изјави Атиџе во утринската програма на Алфа ТВ.

Атиџе говореше и на својата омилена тема, а тоа се пчелите и медот

„Пчелата сака милост, да ја милуваш, сака да имаш правдина, да не криеш нешто од фамилијата. Треба да имаш мерак, кога ќе ги видам пчелите се радувам како да ја видам цела фамилија“.

Иако Атиџе се пресели во Дорфулија таа сепак не го заборава своето родно Бекирлија каде често оди без разлика на временските прилики.

„Триесети километри ако имам товар на мене ги пешачам три ипол часа, ако временските услови се нормални, збориме за лето, тогаш и за три часа стигнувам по скратени патишки до Бекирлија.

Во продолжение од разговорот Атиџе повторно се наврати на филмот и како тој и влијаел.

„Филмот Медена земја ми го промени животот. Благодарност на филмот и луѓето кои ме најдоа. Се сеќавам првпат кога ме најдота, беа тројца, едно женско и две машки. За среќа братми бил дома кога дошле“

Атиџе сега по 55 години за првпат живее во едни понормални услови, а тоа значи дека има струја и со тоа треба да плаќа сметки, но и други давачки.

„Јас никогаш не сум работела во општината, да разјасниме тоа. Со социјална помош од 4000 денари не се живее. Тие пари не стигнуваат. Да најдам работа јас би работела, сакам да си најдам работа.

Како една од желбите во блиска иднина и е да може да си го среди дворот од куќата со оглед на тоа кога врне пред врати и се полни кал, шут, земја и отпад.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *