Јордан Митев подготвува големо изненадување за неговите фанови – ги сподели деталите (ФОТО)

  • By klaster3
  • мај 18, 2022
  • 0
  • 321 Views

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев со секое свое појавување на настап покажува и докажува дека заслужено си ја носи титулата на најбаран и најдобар пејач.

Кога Митев настапува забавата е неизбежна, а публиката во еден глас ги пее неговите песни. Нема сомнеж дека Јордан е број еден избор за македонските веселби и свечености.

– За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, смета Јордан.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Тој работи на себе и на својата кариера, па фановите не ги остава без некое ново изненадување.

Веќе наголемо ја договара летната сезона со настапи, како низ земјава така и во странство. Пред извесно време најави голем концерт во Швајцарија во организација на македонското друштво „Извор“ од Муртен! Ленгакаверк 15, 2557 Штуден на 27 август годинава.

Освен тоа, и македонската публика ќе дочека да го види неговиот концерт тука, во Македонија, па имаше прилика да најави договор помеѓу него и менаџерот на македонски естрадни уметници познат како Пикси-Шанел.

– Со задоволство сакам да ви го најавам мојот солистички концерт закажан за 20ти јули (среда) на ракометно игралиште во убавата Битола!

Организатор на концертот ќе биде еден од ретките менаџери во Македонија кој што е посветен на домашните македонски изведувачи, а тоа е Благоја Стојановски, познат како Пикси-Шанел.Ќе ми биде голема чест и мотивација за понатамошна моја работа на полето на фолк музиката да ве видам во што поголем број, напиша Јордан.

Денес, на неговата Фејсбук страница, Јордан сподели уште едно неочекувано изненадување за неговата публика, па за овој месец најави промоција на нова песна.

„Почитувани фанови, за неколку дена излегува мојата нова песна. За прв пат истата официјално ќе биде промовирана на фестивалот за новосоздадена македонска фолк музика “Прилеп Фест” 2022 кој ќе се одржи на 26.05.2022 (четврток)

со почеток од 20:00 во домот на културата “Марко Цепенков” – Прилеп. Уште едно парче музика кое се надевам ќе ги задоволи слушателите на мојата и македонската фолк музика. Се гледаме во Прилеп!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *