Манекенката Драган: Нема да паднам на ниско ниво, фактите сами зборуваат кој е во Македонија а кој во Дубаи

  • By klaster2
  • мај 18, 2022
  • 0
  • 356 Views

Моделот и блогерка Драгана Спасовска, која седум години живее и работи во Дубаи е од неодамна беше хи т во соседна Бугарија.

Речиси секојдневно ги полни страниците на тамошните медиуми, кои пишуваат за нејзините забави во Дубаи, дружбите со светски познати фудбалери и ги следат сите нејзини случувања поврзани со џет-сетерскиот живот.

Атрактивната девојка потекнува од Скопје, каде во минатото градеше кариера како модел. Во 2009 година замина да студира во Пловдив- Бугарија

И откако се појави на тамошни избори за убавина, но и како модел во видео записи на бугарски пејачи, преку ноќ стекна голема популарност.

За себе знае да каже дека е дете на интернационална љубов, бидејќи татко и е Македонец, а пак мајка и е Бугарка, но на прашањето дали се идентификува како Македонка или пак како Бугарка, без двоумење вели – Бугарка!

Материјалистите ќе кажат дека парите го вртат светот а љубителите на луксузниот живот најчесто среќата си ја бараат во Дубаи.

Но не секогаш нештата се во реалност такви како што се презентирани пред социјалните мрежи, а голема е веројатноста дека тие кои живеат таков живот немаат потреба да ги експонираат своите удобности на социјалнитре мрежи. Што не е случај со инфлуенсерките.

Од прва рака македонската инфлуенсерка Драгана Спасовска која веќе подолг период живее и работи во Дубаи зборуваше пред камерите на ,,Бекстејџ”

– Веќе четири години се немам вратен во Скопје. Нема шанси девојка како мене да коментира на одредени работи и да падне на такво ниво и да зборува кој и што направил.

– Фактите си зборуваат сами за себе, кој и каде е моментално, кој е во Дубаи кој во Македонија и јаде македонски ла јна, вели таа пред камерите на Бекстејџ.

И во постари интервјуа, од времето додека студираше и работеше во Бугарија, таа знаеше да каже дека иако и двете земји ги сака подеднакво,

Сепак во Бугарија е многу полесно да се успее како модел, бидејќи нема предрас уди и се прави разлика помеѓу приватното и професионалното, посебно кога станува збор за професијата модел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *