Сопругата на Стојанче Ангелов видно загрижена се огласи: Со денови ниту спие ниту јаде

  • By admin
  • август 7, 2021
  • 0
  • 8069 Views

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов е мошне активен периодот, како на терен, така и на социјалните мрежи, а пред еден час напиша:

-Два македонски и два српски хеликоптери непрекинато, почнувајќи од раните утрински часови, учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во реонот на пехчевската и беровската оштина.

За да се зголеми нивната ефикасност, во близина на местото на кое гаснат, поставивме цистерна со керозин и сега наместо да летаат до Скопје за да наполнат гориво полнат до самото место на гаснење со што времето за полнење на гориво е драстично скратено со и можат да се направат значително повеќе летови.

Воедно во и до коритото на реката Брегалница се врши ископ на поголем земјен базен од кој ќе може да се црпи вода со што дополнително е скратено времето на интервенција.

Во овој момент пожарот е под делумна контрола но високата температура. сувата вегетација и силниот ветер можат да ја променат состојбата во секој момент.

Околу 14.00 часот на оваа локација ќе дејствува и романскиот авион чија носивост е околу 6 тони вода за разлика од нашите хеликоптери чија носивост е 2 тона или српските чија носивост е до 1,2 тона.

Во една од објавија на неговиот фејсбук профил се огласи неговата сопруга Јасминак која напиша:

-Господине, мојот сопруг излезе вчера рано наутро во овие истиве алишта што и сега ги носи, му дадов в раце само една маица со кратки ракави.

Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено.

Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е тежок, 80 % во ен и нвалид, исе чен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа.

Со тастатурно вој ување не се помага. И запамтете: Овој човек има душа и простува на сите што го на паѓате, џабе арчите букви на тастатурата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *