Огромен потег на продавница во Будинарци: За сите што гасеа пожар не наплаќаат ништо

  • By admin
  • август 7, 2021
  • 0
  • 12752 Views

Во текот на изминатата ноќта пожарот во близина на селото Будинарци имаше променливо темпо и сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

– Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен, но во позадина на неколку места забележувам силна и густа чад. Селото Будинарци е безбедно, додава Ангелов во објавата.

Тој најавуа дека утрово интервенираат два македонски и два српски хеликоптери, а во текот на денот и големиот противпожарен романски авион.

– Во борб ата против пожарот ќе бидат вклучени и голем број пожарникари од овој регион, како и пожарникарите од Словенија, Австрија и Бугарија.

Покрај нив учествуваат и екипи на Национални шуми, припадници на Армијата и Полицијата, ДЗС, ЦУК и голем број на доброволци од локалното население. Голема благодарност до сите нив за покажаната пожртвуваност и храброст, наведува Ангелов во објавата на Фејсбук.

Новинарот на ТВ24, Сунаи Сабриоски кој изминатите денови е постојано на терен и известува од пожарите ширум Македонија сподели што доживеал во беровско Будинарци.

-Има еден маркет таму сред село Будинарци, сопствениците и вработените заслужуваат орден за хуманост во целиот тој ха ос настанат од пожарот.

Во сред кри за плус и пандемија, на вој ниците, пожарникарите и сите кои што беа на помош за спас на селото одлучија да не наплаќаат ами да ги полнат ќесите со храна и се останато што имаа во маркетот.

Како влегов не знаев како да излезам, ќесите ги наполнаа, вадиш пари и ти вика немој нема потреба земи што ти душа сака само да помине ова и да ни дојдете пак ама за убај работи. ВИЕ УШТЕ СТЕ ПО ОДМОРИ И ЛЕЖИТЕ ПО ПЛАЖИ БЕЗРБЕТНИЦИ!?

П.С. Во целиот тој ха ос не успеав да го запаметам маркетот ако ги знаете сопствениците сторите абер за контакт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *