(ФОТО) Јордан Митев слави роденден – една честитка особено издвои и ја објави

  • By klaster3
  • август 13, 2022
  • 0
  • 254 Views

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев со секое свое појавување на настап покажува и докажува дека заслужено си ја носи титулата на најбаран и најдобар пејач.

Кога Митев настапува забавата е неизбежна, а публиката во еден глас ги пее неговите песни. Нема сомнеж дека Јордан е број еден избор за македонските веселби и свечености.

Иако не споделува многу од приватниот живот на Фејсбук, некогаш некој зајадл ив коментар кон него знае да го испро воцира, па да си каже се што му лежи на срце.

Илјадници луѓе – негови фанови секогаш се јавуваат со поддршка за неговите песни и карактер, но и покрај тоа уште пожа лен е фактот дека кај нас странските пејачи се повеќе платени од нашите.

– За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки, смета Јордан.

– Искрено, јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам,

ние никогаш нема толку колку што треба да го почитуваме нашиот човек од туѓиот, па макар нашиот одел и на глава пак ќе му се најде некоја маана, искрено си кажа Митев во една прилика.

Сепак, летната сезона му е исполнета со настапи, како низ земјава така и во странство. Пред извесно време најави голем концерт во Швајцарија во организација на македонското друштво „Извор“ од Муртен! Ленгакаверк 15, 2557 Штуден на 27 август годинава.

Фолк-пејачот денес има итекако убав ден за славење затоа што на овој ден слави 36ти роденден, па по тој повод добил многу честитки, но на Фејсбук ја издвои за него најубавата:

„Почитувани фанови, Ви Благодарам за одвоеното време, за честа и за вниманието. Од многуте честитки што ми пристигнаа, би ја издвоил оваа честитка за која оваа мала принцеза одвоила време за да изгледа вака прекрасно.

Да сте ми здрави и живи. Уште ја немам создадено и отпеано најубавата песна. Додека тоа да се случи ќе создавам песни“, се заблагодари Митев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *