(ФОТО) Утрово се разбудиле и имало што да видат во Грција: Колата на трупчиња – ги нема сите четири тркала

  • By admin
  • август 13, 2022
  • 0
  • 375 Views

Соседна Грција и понатму останува да важи за една од најпосакуваните дестинации за одмор, а ова важи и за македонските граѓани.

Убавините кои што ги нуди со своите мориња и плажи се магнет за привлекување голем број туристи – а бројките на луѓе кои ја посетиле се милионски.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Полска, Романија, Холандија, САД, Кипар, Македонија, Швајцарија, Австрија, Србија и Белгија.

Конкретно за Македонија, минатата година, бројот на посетители е речиси двојно помал (за 49,4 отсто) во споредба со 2019 година, односно 479.000 посетители лани, наспроти 948.000 пред три години.

Во 2019 имало 962.000 посети од нашата земја, наспроти 480.000 посети лани, а мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Согласно податоците и анализите, нашата земја е непроменета на 11-та позиција. Од земјите од регионот, пред нас е Бугарија, на петто место, а зад нас Србија на 14 место.

-Во 2021 година во Грција беа реализирани вкупно 16.376.000 посети во 13-те региони на земјата, што покажува намалување од 55,3 отсто во однос на 2019 година кога имаше 36.643.000 посети.

Бројот на посети е поголем од бројот на посетители кој во 2021 година изнесувал 31.348.000, бидејќи еден посетител може да посети повеќе од еден регион при своето патување во Грција, пишува во анализата.

Но не сите Грци се гостопримилив и се почесто можеме да слушнеме не убави работи од туристите кои летувале таму.

Почнувајќи од условите во смештајот, потоа цените, како и посегнувањето по автомобилите на странските туристи.

Секое лето можеме да прочитаме и видиме дека на многу луѓе автомобилите се ишарани, со одземени таблички или ретровизори, со ош тетени стакла.

Но овојпат отидоа и чекор понапред, а за овој счучај со фотографија е објавено во групата Во живо од Грција каде што Милана Јованииќ објави фотографија од автомобил на трупчиња без четири тркала.

Под објавата следеа бројни реакции во вид на коментари, а во еден пишува дека локацијата е Неа Каликратија, место во кое летуваат и голем број Македонци. Инаку автомобилот е на српски, поточно белградски таблички.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *