(ФОТО) Хелена Роза се потсети на моментот кога само со два куфери се исели во Нов Зеланд

  • By klaster3
  • јуни 15, 2022
  • 0
  • 356 Views

Познатата ТВ водителка Хелена Роза пред неколку години одлучи со сопругот и ќерката Кјара да се пресели во Нов Зеланд.

Освен Кјара, со сопругот Игор го имаат и синот Тијан. Игор е поранешен фудбалер, но сега и двајцата работат други професии.

Хелена е 11 години постара од Игор, но годините воопшто не биле пречка за развојот на нивната врска. Во едно интервју Хелена спомна дека на почетокот сите мислеле дека нема да успеат, но тие го докажаа спротивното.

– На почетокот на нашата врска, сите мислеа дека Игор е некој богат фраер, син на градоначалник во Дојран, неговиот роден град. Многу се смеевме на тие трачеви, зошто тој беше голман, а јас кога го запознав работеше како келнер, вели Хелена.

– Скопје го оставив и го најдов непроменето. Знаете кога живеете надвор од Македонија, се чудите како воопшто сте функционирале овде. Во Нов Зеланд немам никаков стр ес, луѓето се насмеани, пријателски расположени и љубезни, вели Хелена.

Таа повеќе од 20 години беше дел од македонскиот шоу биз, оставајки зад неа безброј Тв проекти, фотосесии и рекламни кампањи. Вели дека да бидеш јавна личност во Македонија е тешко, односно повеќе губиш него што добиваш.

-Кога со моето работно СВ, барав работа во Окленд, сите ме гледаа зачудено, како во стилот што бараш ти тука. Не можеа да разберат зашто сум ја оставила родната земја, но ете јас и сопругот Игор така решивме и не се каеме.

За два дена заминувам во Нов Зеланд и едвај чекам да си дојдам дома. Скопје е исто како што го оставив, ништо не е изменето. Овде бев несфатена од општеството, владеачката партија не ми даваше работа, зошто знаете и сами дека се е исполитизирано.

– Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно.

Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот. Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.

Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќe, вели Хелена за животот во Нов Зеланд.

Иако е далеку од дома и не доаѓа често во Македонија, преку својот профил на „Инстаграм“ често знае да сподели по некоја фотографија и да ги извести следбениците за нејзините активности.

Утрово, Хелена на социјалните мрежи сподели спомен фотографија од далечната 2015та година кога заминале во Нов Зеланд и напиша: На овој ден пред 7 години пристигнавме во Нов Зеланд.

Со само два куфери, туристичка виза и одлучност да останеме. Се е возможно кога имате сон и вистинска личност покрај вас, стои во објавата на Хелена Роза.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.