Македонецот Александар Стоилов ги полни насловните страни во Германија – му симнуваат капа за неговото достигнување

  • By admin
  • јуни 15, 2022
  • 0
  • 468 Views

Како што веќе е добро познато Гермнанија е дом на многу Македонци кои во потрага по подобар живот секако водени најмногу од финансиски аспект се селат таму.

Луѓе со секакви професии, од они невработени, па преку доктори, професори, занаетчии, па и спортисти се селат во Германија.

Македонскиот фудбал како што е познато ги бележи најголемите успеси во последните неколку години наназад.

Историски за првпат игравме на едно Европско првенство, а малку недостигаше и да се пласираме на Мундијалот во Катар откако ги победиви и Германија и Италија.

Токму во Германија живеат и работат, но и спортуваат и голем дел македонски спортисти, особен фудбалери кои освен што работат, во слободно време играат и фудбал.

Таков е примеро ти со младио 21 годишен Александар Стоилов кој деновивесе најде на насловните страници на престижните германски медиуми.

Се работи за нашинец кој живее, студира и работи како комерцијалист во Германија, но е напаѓач кој игра во аматерската лига.

Таму го носи дресот на Македонија Штугарт. Играчот прво се најде во фокусот на вниманието во Германија, откако даде 13 гола на еден натпревар, а неговиот клуб победи со 17-0 против Германија Дегерлох, додека сега приказната е поинаква.

Имено, Александар Стоилов, кого Германците го нарекоа „македонскиот Левандовски од Крејслигата“, ја заврши сезоната со Македонија Штутгарт како најдобар.

Неговата екипа беше убедливо прва – по 26 одиграни натпревари заврши на врвот со 76 поени и ниту еден пораз. Македонците од овој тим имаа 25 победи и само едно реми!

Но, Стоилов е и уникат во Германија. Оваа сезона даде 84 гола, што го прави најдобар стрелец во сите конкуренции во Германија, без разлика дали тоа се аматерски или професионални!

Иако игра фудбал за забава, сепак, ова е големо достигнување. Стоилов имал понуди и од други екипи од повисок ранг кои се професионални, меѓутоа тој ги одбил, затоа што сака да се фокусира на личниот развој, а фудбалот го игра за забава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *