Митко Јанчев го слушна гласот на народот – денес донесе нова одлука за Јелена Карлеуша

  • By admin
  • јуни 15, 2022
  • 0
  • 373 Views

Првиот човек на Општина Кавадарц Митко Јанчев вчера на седдница на Општина Кавадарци ја објави програмата за овогодинешниот Тиквешки Гроздобер.

„Еден од најскапите ни беше Здравко Чолиќ со 50.000 евра во 2019та, претходната година ја имавме Цеца со 37.000 евра, Јелена Розга со 14.000 евра.

Оваа година најскапиот артист ни е Јелена Карлеуша со 35.000 евра, тоа е сумата којашто е договорена и си бараат веднаш договор, 30% аванс и сигурен настап на датумот“ изјави вчера градоначалникот Митко Јанчев.

Но по бројните коментари кои не наидоа на одобрување за изборот на Карлеуша, денес се огласи Митко Јанчев повторно и кажа:

Драги кавадарчани, Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме.

А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата. Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење.

По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.

Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.

Кавадарци за сите. И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *