(ФОТО) Тамара Тодевска издоминира – сите камери беа свртени кон неа поради една причина

  • By klaster3
  • август 17, 2022
  • 0
  • 405 Views

Тамара Тодевска е една од најпознатите музички ѕвезди во Македонија за која не е потребно да се трошат многу зборови. Како на домашна сцена, таа важи позната и во регионот.

Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.

Тамара своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.

Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.

Со секој свој настап докажува зошто е на врвот на македонска музичка сцена. Силниот глас и енергија се карактеристични за нашата поп дива.

Таа ги изненади фановите, враќајки се на стариот имиџ, со нејзината кратка фризура со шишки кои беа препознатлив нејзин дел пред десетина години.

– Имав цели три години огромна пауза, но овде ми е најубаво кога пеам пред скопската публика, овде израснав и имам верни обожаватели.

Моментално одлучив да ја променам фризурата, седев на фризер и си реков да направам промена после скоро 10 години, вели Тамара пред камерите на „Бекстејџ”.

– Долго време важев за некој што доцнеше и тоа некако оставаше лоша репутација, но сега се сменив, особено после ,,Евровизија”.

Мислам дека во минатото времето сум го изгубила на небитни работи во животот и не сум се посветила 100 проценти, вели Тодевска во ,,Еден на Еден”.

Тамара летниот одмор го помина на островот Скијатос заедно со нејзиното семејство и во друштво на семејството на нејзиниот професионален тренер и пријател Мартин Видоевски.

Често настапува низ скопските локали, а вчеравечер беше главна музичка ѕвезда на отварањето на продавницата на познатиот моден бренд Н&М во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје.

Освен неизбежната забава, она што не остана незабележано беше нејзиниот специфичен, впечатлив стајлинг кој ја отсликува нејзината бур на енергија.

Носеше бујна јакна која ретко кој би се осмелил да ја носи, а сите присутни гости постојано ја снимаа и фотографираа за социјалните мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.