(ФОТО) Сани емотивна за ќерка си: Да знаеш само како ми чукаше срцето

  • By klaster3
  • август 17, 2022
  • 0
  • 331 Views

Сања Гроздановска или скратено Сани низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕвезда.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Македонската фолк пејачка во август 2018 година го кажа судбоносното ,,ДА” и влезе во брачните води со бодибилдерот Мартин Гроздановски.

Но набргу потоа тие според сознанијата на ,,Бекстејџ” се развеле, од првиот брак Сања има ќерка а сега и од вториот брак уште една.

По потекло од Куманово, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан, вели дека со напорна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.

„Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави во интервјуто за Фокус.мк.

Сани е секојдневно активна на социјалните мрежи каде споделува кога има настапи, но и по некоја фотографија од приватниот живот. Па така, Сани реши да и го честита роденденот на постарата ќерка Викторија со порака на Фејсбук:

„Драга моја ќерко, Колку брзо лета времето … Како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат – да знаеш само како ми чукаше срцето …

Како те држев во рацете, ти беше толку мала и кревка, а толку прекрасна и совршена. Се сеќавам како растеше со секој изминат ден, првиот твој збoр, првите твои чекори, првиот ден на училиште.

Да, ќерко, времето лета многу брзо. Ти растеш пред моите очи, но за мене секогаш ќе останеш мојата мала ќерка“, емотивно сподели Сани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *