(ФОТО) Стојанче Ангелов замина за САД, па покажа што прави таму

  • By admin
  • март 4, 2022
  • 0
  • 447 Views

Поранешен генерал-мајор и лидер на политичката партија Достоинство Стојанче Ангелов кој сега е директор на ЦУК често поради своите ставово и излагања во јавноста знае да привлече внимание.

Ангелов кој е познат по својата активност и на социјалните мрежи денес се огласи на својот профил на фејсбук каде што објави дека е во САД и притоа напиша:

Во периодот од први до четврти март оваа година сум во работна посета на Националната гарда на Вермонт во Соединетите Американски Држави.

На официјалната страна на ЦУК за оваа посета на македонската делегација во која што е и Ангелов се вели:

Во периодот од први до четврти март 2022 година директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е во работна посета на Националната гарда на Вермонт во Соединетите Американски Држави.

Цел на посетата е размена на искуства и информации околу начинот на кој функционира кри зниот менаџмент во сојузната американска држава Вермонт и сојузниот кр изен менаџмент на САД, заради вградување на нивните искуства во реформите на системот за управување со кр изи и заштита и спасување во Република Северна Македонија, со посебен акцент на системот за командување при инц иденти.

На работните состаноци присуствуваше и раководителот на Секторот за меѓународна соработка на ЦУК, д-р Урим Вејсели, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути.

И раководителот на сектор за цивилно – во ена соработка во Министерството за одбрана, Тони Петрески, а на дел од средбите учествуваше и Началникот на Генералштабот на АРСМ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски заедно со полковник Васко Коколановски и полковник Лулзим Нуредини.

Работните средби сo дискусија за во ено – цивилната соработка при ит ни состојби и кр изи и разработка на различни сценарија на одговор при кат астрофи ги предводеше командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал Грегори Најт.

А покрај него учестваа и директорот на Агенција за менаџмент на и тни состојби на Вермонт, Ерика Борнеман Федералниот координатор за подготовки во Федералната агенција за менаџмент на ит ни состојби, Даниел Мек Елхини како и други претставници на Националната гарда на Вермонт.

Во рамки на сите активности беше остварена и посета на градоначалникот на Берлингтон, главниот град на Вермонт, како и посета на Противпожарната единица на Берлингтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *