(ФОТО) Снежана Лупевска: Осум години откако демек спонтано позиравме

  • By admin
  • март 4, 2022
  • 0
  • 631 Views

Несомнено Снежана Лупевска Созен важи за една од најпознатите македонска новинарки и продуцентки која долги години ја гледаме на малите екрани.

Снежана Лупевска Созен дипломирала на Интердисциплинарни студии по новинарство на Правниот Факултет во Скопје 1996 година и посетувала магистерски студии по Крим инологија при Правниот факултет во 2013 година.

Од 1994 работи како новинарка во А1 Телевизија и репортерка за внатрешна политика, кри минал и кор упција. Од 1997 година е уредничка на вестите во оваа телевизија а во моментов работи во Телма ТВ.

Од 2007 година Снежана Лупевска Созен е продуцентка и авторка на емисијата КОД која беше прикажувана на А1 Телевизија. Во 2009 година преминува во телевизијата Канал 5 и ја основа својата продукција Тринити плус.

Новинарката Снежана Лупевска веќе осум години е во брак со Созен Ерџан, бизнисмен од Турција. Двојката се запознала на семинар во Белград.

Ерџан во меѓувреме се пресели во Македонија каде што заедно со сопругата и синчето Микаил живеат во Скопје.

Како плод на нивната љубов Снежана и нејзиниот сопруг Ерџан Созен се остварија во улога на родители откако го добија синот Микаил.

Лупевска Созен иако ретко споделува моменти од приватниот живот со јавноста, неодамна на својот профил на фејсбук објави фотка од својата свадба и притоа напиша:

22.02.2022 Осум години откако демек спонтано позиравме на денот на свадбата кај матично (тогашно матично)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *