(ФОТО) Сите со нетрпение го очекуваа – објавен новиот дрес на Македонија за Европското првенство

  • By admin
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 762 Views

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство. „Црвено-жолтите“ со полна пареа се подготвуваат за историскиот прв натпревар на големите натпреварувања на 13. јуни во Букурешт против Австрија.

Енис Барди поради позитивен Ковид-тест во моментов е изолиран од останатите фудбалери, додека последни ќе се приклучат капитенот Горан Пандев, како и Аријан Адеми и Столе Димитриевски на 31. мај.

Македонија пред стартот на шампионатот ќе одигра две пријателски средби, против Словенија на 1. и Казахстан на 4. јуни во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Северна Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.

Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.

По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Претседателот Стево Пендаровски на Папата Франциск му го подари најновиот дрес на Македонската фудбалска репрезентација.

Претседателот на својот Твитер профил напиша дека Папата Франциск прв го добил најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица.

„Ова е дресот со кој нашите најдобри фудбалери ќе играат на EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи!“, додава Пендаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *