Пристигна одлична вест за Македонците: Повеќе нема потреба од ПЦР-тест или вакцина за влез во Романија

  • By admin
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 13169 Views

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија го задржа 62. место и на најновата ранг листа на Светската фудбалска асоцијација ФИФА.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски со првиот собир вчера ги започнаа подготовките за настап на историското прво ЕУРО за нашиот национален тим.

Од противниците на црвено -жолтите на престојниот ЕУРО најдобар ранкинг има селекцијата на Холандија на 16 место, Австрија и Украина се на 23 односно 24 позиција на ранг листата на ФИФА:

Меѓу топ петте селекции на ранкингот на ФИФА нема промени, најдобра светска селекција е Белгија пред репрезентациите на Франција, Бразил, Англија и Португалија.

Мухамед Зекири, генералниот секретар на Владата и неговиот заменик Тахир Хани, како и Марјан Забрчанец, владиниот национален координатор за комуникации и Силвија Митевска и Ѓорѓи Тасев, советниците за спорт, односно за млади и младински политики, на премиерот Зоран Заев, се вклучени во Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал.

Списокот на членови е објавен во Службен весник како одлука на владина седница преку ова тело да се обезбеди поддршка при организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал.

Од Владата таму се уште и Пеце Мирчески, директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата и Љупчо Димитровски, раководител на одделение исто во СОЗР.

Веќе е познато дека со ова членство ќе претседава директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој вели дека првенствено на ова тело задачата ќе му биде да обезбеди логистичка поддршка за навивачите.

– Ние ќе се обидеме да обезбедиме што е можно повеќе „коридори“ за нашите навивачи да отпатуваат во Букурешт, односно да обезбедиме што е можно поголема навивачка поддршка за нашите фудбалери на Европското првенство, во смисла на тоа тие полесно да дојдат до билети, да има повеќе места за нив и да може непречено да се задржат.

Знаеме дека нашата земја е на „црната листа“ кога станува збор за пандемијата и тоа може да предизвика тешкотии, вели Мојсовски.

Меѓу останатите членови на телото се и Авни Рустеми, заменик-директорот на Агенцијата за млади и спорт; Саше Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност при Министерство за внатрешни работи, Михаела Веселинов, директор на Сектор за дипломатски протокол при Министерство за надворешни работи.

Македонските навивачи кои ќе патуваат за Романија на Европското првенство на кое ќе дебитира македонската фудбалска репрезентација ќе може без проблем да влезат во оваа земја, зашто нема да бидат потребни ни негативен ПЦР-тест, ниту доказ за вакцина.

Денеска од Романија дошла информација во ФФМ дека порати тоа што Македонија се нашла на „зелената листа“ поради малиот број на позитивни случаи на дневна и двонеделна инциденцана 100.000 жители, за македонските граѓани се укинува задолжителниот документ од ПЦР-тест не постар од 72 часа или доказ за вакцина од признаените вакцини од Европската агенција за лекови.

Ова е најдобра вест за навивачите на Македонија кои сега ќе се спасат од тестирање и дополнителен финансиски трошок за да може да одат да ја гледаат националната селекција на своето деби на големата сцена.

Македонија во Букурешт ќе игра два меча, со Австрија на 13 јуни, а со Украина на 17 јуни.

Романскиот институт за јавно здравје од 21 мај на својата последна ажурирана листа, ја смести Македонија во „зелената зона“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *