(ФОТО) Се снаоѓа кој како знае и умее – македонскиот пејач станува автомеханичар

  • By admin
  • мај 20, 2021
  • 0
  • 915 Views

Откако пејачите останаа без приходи заради вирусо, многу од нив решија да ја сменат професијата! Или барем да инвестираат во нов, дополнителен бизнис, кој можеби во иднина ќе им биде и главен.

Така, Дарко Лазиќ отвора кафе-ресторан, а Слоба Радановиќ отвора теретана, Марија Шерифовиќ станува јутубер, а Аца Лукас сега е водител, Наташа Беквалац издава куќа, Гоца Тржан снима ријалити, додека Милан Станковиќ и Весна Змијанац одгледуваат органско овошје и зеленчук!

Дарко Лазиќ беше меѓу првите што се одлучија за ново работно место.

„Дарко нема тезги веќе шест месеци, а им должи сериозни пари на лихварите. Не знаејќи колку долго ќе трае пандемијата на короната, тој одлучи да отвори ресторан во Бјелина. За промоцијата ќе биде задолжен Дарко, а неговиот пријател ќе вложи 200.000 евра. Ако добро им тргне, ќе отворат ресторан и во Белград“ – вели добро информиран извор.

Слоба Радановиќ планира исто така приватен бизнис. Пејачот реши да ги вложи своите заштеди во теретана, која ќе ја отвори наесен.

Неговиот колега Аца Лукас не може без камери, па се согласи да работи како водител на кабелска телевизија!

„Сакав да го испробам својот водителски потенцијал, за луѓето да видат колку брзо можам да размислувам. Да не бидам само кловн меѓу пријателите, туку и меѓу пошироката јавност“ – вели Аца.

Победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ ги шокираше фановите кога откри дека станува Јутјуберка!

„Одлучив да инвестирам во мојот канал на Јутјуб, тоа е иднината“ – рече Марија, која има 204.000 следбеници на нејзиниот канал.

Наташа Беквалац сфати како да заработи пари со изнајмување на луксузен имот во Ченаи. Кој ќе и плати 600 евра, ќе може да помине еден ден во куќа од 400 квадратни метри со шест спални, две дневни, три бањи и голема кујна. Ната исто така им нуди на паровите да се венчаат на нејзиниот имот, но тоа задоволство го наплатува 1.000 евра.

Пејачот Антонио Кристофиќ од „Звезда Гранда“ реши да го замени микрофонот со настапи во лозјето.

– Имајќи предвид дека оправдано не оставаат да не настапуваме на сцената, решив да настапувам секој ден во лозјето и да ја гарантирам најдобрата берба досега! – напиша, меѓу другото, Антонио, чиј пејачки бизнис засега пропадна:

Ситуацијата не е ништо подобро и во Македонија, а меѓу они кои се пробаа со нови занаете беше и пејачот Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК кој е и диџеј.

Тој на фејсбук се пофали во неколку наврати дека пробал да работи како пица мајстор во едне скопски локал.

Овојпат тој на својот профил на инстаграм објави снимка на која се гледа како во канал работи на поправка на возило, па се наметнува прашањето дали сега се обидува да научи нов занает.

Додека Панчо работеше, во исто време и пееше со што уште една докажа дека без музика е невозможно.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *