ФОТО: Премиерот Ковачевски за првпат ја покажа ќерката во јавност

  • By klaster3
  • мај 23, 2022
  • 0
  • 331 Views

Димитар Ковачевски е доктор на економски науки и актуелен македонски премиер избран од Собранието на 16 јануари 2022 година, а претходно беше заменик министер за финансии во Втората Влада на Зоран Заев.

Роден е во Куманово, својата работна кариера ја започнал во Македонски Телеком, каде што од 1998 до 2005 година бил соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии, а до 2017 имал низа директорски функции во компанијата.

Во 2017 година бил именуван за извршен директор на македонската телекомуникациска компанија „оне.Вип“ (ребрендирана во А1 Македонија во 2019 година), подружница на Групацијата Телеком Австрија.

Ковачевски бил доцент на два приватни универзитети од 2012 година, прво на Универзитетот Њујорк во Скопје, а потоа на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, каде што во 2018 година бил избран за вонреден професор.

Димитар Ковачевски за цело изминато време на јавна функција успева да го држи своето семејство подалеку од очите на јавноста. Единствениот познат податок околу неговата семејна состојба е тоа дека е сопруг и татко на две деца.

Како изгледа неговото семејство, па дури и кои се нивните имиња, што е по професија неговата сопруга, на која возраст се неговите деца – на народот не му е познато.

Сепак, пред неколку дена во јавноста излезе информацијата дека актуелниот премиер Ковачевски по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, на посетата во Ватикан ќе биде придружуван од ќерка му.

Имено, на 23 и 24 мај ќе ја предводи македонската делегација во Италија и Ватикан во официјална и работна посета во рамките на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Работниот дел од посетата на Италија во текот на 24 мај ја вклучува и средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги.

Ковачевски денес имаше тет-а-тет средба со Неговата светост Папата Франциск, по што следуваше приемот на ќерката на претседателот на Владата како и останатите членови на делегацијата.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за посетата на Папата Франциск на нашата земја во 2019 година којашто беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска.

Но, она што сигурно предизвикува внимание во јавноста е појавувањето за првпат на неговата ќерка, Тамара Ковачевска. Со соодветен стајлинг кој доликува на свеченоста, Ковачевска беше облечена во црн фустан до под колена.

Ракавите на фустанот се направени од нежна тантела, а севкупниот стајлинг беше надополнет со црн вел на главата и црни потпетици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *