(ФОТО) Откако не стана градоначалник на Куманово, Тони Михајловски го смени градот

  • By klaster3
  • јуни 17, 2022
  • 0
  • 287 Views

Човек со низа професии, тоа е Тони Михајловски кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Освен со ангажманите во Македонија, популарниот Шанец има доста активности и снимања во соседна Србија.

Често е активен на социјалните мрежи каде што јавно ги изразува своите ставови за какво било случување во земјава, но неретко споделува и дел од приватниот живот.

Актерот од 2011 година е во брак со 13 години помладата Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.

Заедно го имаат синот Максим, кој е втор син на Тони, а прв на Александра. Тони од првиот брак го има синот Александар Михајловски.

Како што е познато, тој извесен период беше навлезен во политиката каде што беше доста активен како член на ВМРО ДПМНЕ.

Михајловски беше и кандидат за градоначалник на Куманово, но не успеа да влезе во вториот круг, по што се свртува на своите проефесионални овврски за што информираше на својот профил на фејсбук.

Михајловски иако е роден во Куманово веќе долги години живее во Скопје, но конечно успеа да дојде до она што го посакува.

– Од 88-ма сум во Скопје со студии и работа но живеам во Скопје едно 30 години најмалце, но гласам во Куманови и затоа треба да бидам градоначалник на Куманово, изјави Тони во една прилика.

Всушност, Михајловски сега веќе е жител на општина Карпош во Скопје откако на Фејсбук профилот го сподели делот од личната карта каде што се означува адресата на живеење и напиша: После 34 год конечно Скопјанец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *