Работа за шофери во Германија има колку душа ти сака – објавен колкав е недостигот

  • By klaster3
  • јуни 16, 2022
  • 0
  • 372 Views

Намалувањето на данокот на гориво во Германија засега не носи никакво олеснување за шпедитерските компании. Синџирите за снабдување се уште се одржуваат, но прашање е колку долго бидејќи недостасуваат работници.

Младите ретко се одлучуваат да седнат зад волан, а постарите се почесто одат во пензија. Работата е напор на и стре сна, а тоа се причините поради кои се помалку Германци сакаат да се занимаваат со оваа работа.

Во меѓувреме шпедитерските компании очекуваат добро познавање на германскиот јазик и доверлив однос спрема клиентите. Многу возачи од странство тоа не можат да го задоволат.

„Не можеме да го испорачаме тоа што треба на време. Немаме нови возачи, туку само стари, младите не доаѓаат. Нашите возачи се во просек постари од 50 години.

Имаме пензионери кои ни се на испомош кога има многу работа. Подобрување засега нема ни на видик, вели Ариан Хос, управителка на транспортна компанија.

Секој трети камионџија во наредните десет години ќе отиде во пензија. Поголемите плати би можеле да ја направат оваа професија поинтересна, но е потребно и подобрување на условите за работа.

Кри тиките кон нафтените корпорации не стивнуваат, бидејќи намалувањето на даноците што ги воведе германската влада за барем малку да ги олесни возачите, сè уште не се чувствуваат во крајната цена на бензинските пумпи.

Цената на дизелот одамна требаше да падне за 14 центи по литар, но сепак секаде низ земјата е над две евра. Постојаните високи цени на горивата ги пог одуваат не само оние кои секојдневно се принудени да одат на работа со автомобил, туку и многу мали и средни транспортни компании чии камиони сè уште ги одржуваат во живот синџирите за снабдување.

И прашање е уште колку долго ќе биде можно тоа. Според информациите од Германското здружение на превозници (BGL), шпедитери веќе пријавиле банкрот.

Според здружението, во првиот квартал од годинава вкупните трошоци за малите и средни шпедитери се зголемени за 34 отсто. Ова не вклучува само поскапување на горивото, туку и нови возила и потрошен материјал како гуми.

Секој ден на патиштата во Германија има околу 250.000 камиони кои превезуваат стока, а не се работи само за оние кои ги снабдуваат супермаркетите.

„Речиси не постои индустрија што може без камиони, 70 отсто од стоката во Германија се транспортира на тој начин“, вели директорот на здружението Дирк Енгелхарт.

Многу од малите шпедитерски компании инвестираа во мотори со течен гас (LNG), а тие се оние кои имаат најмногу пробл еми сега, бидејќи тоа гориво стана многу поскапо од дизелот: на почетокот на минатата година килограм ЛНГ чинеше 90 центи, а сега 2,30 евра.

Друг претставник на Федерацијата за шпедиција и логистика (ДСЛВ), Френк Хастер, вели дека намалувањето на данокот за гориво кое треба да стапи на сила до крајот на август, не им донело олеснување на превозниците.

Хастер предупредува дека транспортот е драстично поскап поради покомплицираната процедура на организацијата која е поврзана со нарушување на возниот ред од времето на пандемиската кри за.

И има уште еден проблем, кој не е од поново време, но сега го погодува секторот со полна сил а: на Германија моментално и недостигаат околу 80.000 возачи на камиони и секоја година тој број се зголемува за 15.000.

Секоја година се пензионираат околу 30.000 возачи, но на пазарот на труд влегуваат само 15.000 нови возачи. Ако работите не се променат наскоро, Германија, како и Британија по Брегзит, ќе се соочува со драстичен недостиг и ко лапс во синџирите на снабдување, пренесува Дојче Веле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *