(ФОТО) Отец Пимен му се обрати на Никола Груевски

  • By admin
  • декември 20, 2021
  • 0
  • 614 Views

Како што е познато, синоќа екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен Премиер на Македонија, Никола Груевски се огласи на својот профил на фејсбук.

Груевски притоа проговори на три теми и тоа сите од приватниот живот. Тој го спомна својот именден, ќерка му Анастасија и вујко му Јордан Мијалков.

1.Благодарам за секоја испратена честитка со искрени желби за мојот именден.Нека Св.Никола не заштити сите нас од бури и неправди.

2.Денес е 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески кој бил еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, инаку истакнат македонски книжевен, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, јазичар , преведувач, професор и академик.

Малку е познато дека процесот на кодификација на македонскиот литературен јазик не се одвивал лесно и едноставно. Имало големи тен зии и при тисоци заради отпорот за менување на јазикот од надлежните во Белград во тоа време во 1945 година, чија цел била истиот да биде поблизок до српскиот.

Сепак, во многу голем дел при тисокот се издржал, со прифаќање на помали компромиси. Во тоа време кога лесно се губела слободата или животот заради политички мотиви, тој отпор носел огромни риз ици.

Деновиве со задоволство ја примив веста дека мојата 14 годишна ќерка Анастасија, напишала песна за Блаже Конески со која добила и прва награда на општинско ниво на училишен натпревар, каде како што ми објасни песните се поднесувале под шифра и комисијата кога ги отценувала не ги знаела имињата на децата – автори.

Подолу фотографија од школското пано каде е објавена прво наградената песна во рамките на одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

3.Денешниот ден 19 Декември секогаш ќе го памтам и по тргичната см рт и во крајно сомнителна сообраќајна не среќа со многу неразјаснети околности, на мојот вујко Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на Република Македонија во владата на Никола Кљусев.

Јордан беше еден од најголемите македонски патриоти кои било кога сум ги запознал во мојот живот. Тој е првиот човек од кого уште како дете кон крајот на седумдесетите години и во текот на осумдесетите ги слушав зборовите “независна Македонија” и поривот за тоа.

Исклучително храбар човек, идеалист и патриот, подготвен на секакви ри зици кога беше во прашање Македонија. Човек кој уште во осумдесетите години во времето на СФРЈ насекаде со гордост ја прераскажуваше историјата на Македонија а особено онаа од периодот на ВМРО, како онаа за која беше дозволено да се учи така и онаа која тогаш ја немаше во учебниците – стои во дел од обраќањето на Никола Груевски.

На оваа објава во коментар се јави Отец Пимен, владика на МПЦ – ОА, митрополит на европската епархија кој му напиша на Груевски:

„Честит именден претседателе. Вечен споменот на Блаже и Јордан. Честитки и за Анастасија. Уште многу успеси“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *