Елмас откри како бате Горан Пандев со својот потег во 2010 година го расплакал

  • By admin
  • декември 20, 2021
  • 0
  • 426 Views

Синоќа македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас го одлучи дербито на „Сан Сиро“ во кое Наполи успеа да слави над Милан (0-1) во рамките на 18. коло од Серија А.

Составот од Наполи брзо го отворија резултатот, по првата мешаница пред противничкиот гол. Македонскиот фудбалер скокна највисоко по центаршутот од корнер на Пјотр Зјелински и со глава го матира Мајк Миањан.

Тимот на Лучијано Спалети имаше за нијанса повеќе од играта во првиот дел. Меѓутоа и „росонерите“ имаа свои моменти. Златан Ибрахимовиќ се закани со глава, а Алесандро Флоренци биеше непрецизно од далечина. На пауза се замина со минимална предност за гостинската екипа, која себично го чуваше водството.

Милан направи неколку измени во второто полувреме. Шанса доби и Оливие Жиру, но најголемата шанса ја имаше Жуниор Месиас. Бразилскиот интернационалец шутираше за малку над пречката и за малку не го израдува својот тим.

Наполи одлично се бранеше и на крај за малку не испушти чиста победа. Френк Кеси се најде во одлична позиција и ја затресе гостинската мрежа, но ВАР-технологијата спречи радост на трибините во 90. минута.

Судијата Маса дури по прегледувањето на снимката утврди дека Жиру беше во недозволена позиција, во акцијата која му претходеше на голот.

За Елмас ова е втор погодок во италијанското првенство оваа сезона, по реализацијата на домашен терен против Венеција. Наполи се искачи на второто место со ист број бодови како и Милан, но четири помалку во однос на лидерот Интер.

По мечот за Елмас пристигаат честитки од сите страни, како од Италија, така и од родната му држава Македонија.

Навивачите на Наполи го славав и возвишуваат, а кон честитките се придружи и неговиот репрезентативен соиграч Стефан Ристовски.

Фудбалерот на Динамо Загреб на својот профил на Инстаграм објави еден дел од конверзацијата со Елмас кој открива многу.

Имено Елмас на Стефан му вели: Паметам 2010, бате Горан ме донесе, прв пат со солзи гледав, а сега играм тука. Пи ку матер

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *