(ФОТО) Македонските пејачи кинисаа преку океанот – ги испратија стотици Македонци

  • By klaster3
  • ноември 9, 2022
  • 0
  • 232 Views

Откако олабавија мерките македонските фолк – пејачи си продолжија како по старо со турнеите надвор од земјава – ширум Европа, Австралија и САД.

Несоменено Влатко Миладиноски важи за еден од најбараните и најпознати фолк пејачи кај нас. Влатко по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.

– Немам омилена песна, јас сум дипломиран музичар, дипломирав на класична музика и џез, генерално слушам секаква музика.

Има период дома кога пеам и по цела недела па домашните велат намали малку, а потоа пак има период кога не потпевнувам па велат зошто не пееш, вели низ шега Влатко.

Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

„Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна“, изјави тој во една прилика.

Најголема поддршка на Влатко е неговата сопруга која има целосно разбирање за неговите бројни ангажмани. Вели дека му се исполнил сонот да има две ќерки – тоа се Илина и Андреа.

На социјалните мрежи ретко е активен и има само „фан страница“ која ја води негов близок пријател. Па така, Миладиноски се огласи со известување дека по долго време конечно ќе ја одржат турнејата во Австралија.

Миладиноски сподели слика заедно со Златко и Дамјан пред скопскиот аеродром спремни за полетување за Австралија. Под објавата уште веднаш се нанижаа стотици честитки од македонски граѓани кои им посакуваат мирен лет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *