Македонската пејачка откри дека за една вечер земала 310.000 денари бакшиш

  • By klaster3
  • ноември 9, 2022
  • 0
  • 238 Views

Дефинитивно Марија Тодоровска или попозната како Марија Луиса знае како да го привлече вниманието на јавноста и да се најде во центарот на вниманието.

Згодната битолчанка е фолк пејачка која на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови туку по нешто сосема друго – нејзиниот изглед.

Имено, Марија Луиса отсекогаш изгледала привлечно, пожелно, ат рактивна, а на своите настапи прави и одлична атмосфера.

Луиса почна да има се повеќе настапи во македонскта престолнина, а ако го освоиш Скопје, велат си ја освоил и Македонија.

Особено кога Марија ќе заниша со колковите, ќе замеша со совршено обликуваната, подигната, цврста задница.

Оваа наша пејачка со право важи за кралица на бакшишот со оглед на тоа што безмалку по секој настап си заминува со солидна сума на пари кои задоволната публика и ги поклонува.

Откако мерките олабавија, како другите естрадни уметници, така и Марија се врати на настапите каде што агендата и е доста густа.

Со својата заработка редовно си се пофалува на социјалните мрежи, поточно на нејзиниот Инстаграм профил каде има илјадници фанови и следачи.

Веќе неколку наврати имаме пишувано како ја китатат со денар, петстотки, илјадарки, двеилјадарки, но и евра.

Марија Луиса беше интервјуирана со неколку кратки прашања во Жешко столче каде едно од прашањата беше да признае кој бил најголемиот бакшиш што го добила.

– Срам ми е да кажам. ако кажам не само од Македонија УЈП ке ме брка и од цел балкан. 5 и нешто евра, точно 310.000 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *