(ФОТО) Македонската фолкерка се поднови со џип, па се пофали и покажа како изгледа

  • By klaster3
  • јуни 9, 2022
  • 0
  • 313 Views

Македонската фолк-пејачка Сања Цинцева или во јавноста позната како Сања Барбика, важи за една од најзгодните и најубавите пејачки на македонската естрада.

Но, Барби и покрај пеењето секогаш знаела да го привлече вниманието на јавноста. Дали тоа било некоја нејзина песна или пак со прово кативниот изглед кој го „фура“ од почетокот на својата кариера, важно била во центарот на вниманието.

Познато е дека отсекогаш била без влакна на јазикот и отворено зборува за се она што ја засега нејзе. Често знае да им врати на сите оние кои редовно плукаат на песните кои се разликуваат од таканаречените “обични“ со кои публиката најчесто се досадува.

– Ми кажаа дека некои анонимуси ‘певалки’ кои пеат за 2000 денари, го валкале моето име наоколу. Па ај реков да им одговорам вака јавно. Ве разбирам, а во исто време Ве жалам, паднавте толку ниско што за да дојдете до малку публицитет и да привлечете внимание го валкате моето име и мојот углед!

Вие сте далееееку позади мене, немате ни една Ваша хит песна, ниту 1 денар вложен во Вашата маалска кариера. Од тука го разбирам Вашиот гне в, љубомора, затоа што мојата кариера е богата со неколку хитови, меѓународни настапи и договори со странски продукциски куќи, нови и тренд спотови, напиша Сања во една прилика.

Што се однесува за негативните коментари, Сања за Слободен Печат во една пригода изјави: Кај нас во Македонија, па воопшто и на Балканот живеат луѓе кои се сеирџии по природа и се гласни и моќни само пред тастатура.

Не бираат зборови кога навредуваат, а за мене тоа се зл обни, не успешни и не реализирани луѓе. Очигледно немаат што да прават во својот живот, не среќни се, па затоа плукаат и хејтаат по се.

Македонската барбика е доста активна, а во изминатиот промовираше неколку нови песни меѓу која и видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев.

Но, и покрај се, Сања продолжи да си ги реди настапите еден по еден, па така нема викенд а да не е резервирана низ локалите во земјава или странство.

За македонската барби Швајцарија е веќе добро позната и омилена дестинација со оглед на тоа што и во минатото, пред вирусот таа беше чест гостин таму и имаше низа настапи кои секако носат добра заработка.

Денари, евра, долари, можеби и некоја друга валута, но пара си е пара, па секако добро и доаѓа. Очигледно на публиката и се допаѓа Цинцева и она што го прави, па не се штеди за да ја почасти.

Пејачката знае како да ја искористи заработката, па на нејзиниот Инстаграм профил се пофали со новото возило. Станува збор за БМВ х1 од кое Цинцева сподели фотографија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *