Познатата пејачка искрена: Не размислувам за поскапувањето, имам возач, храна нарачувам – ми се може

  • By klaster3
  • јуни 9, 2022
  • 0
  • 275 Views

Сведоци сме на глобален бран на инфлација, нарушување на синџирот на набавка и производство и нагло зголемување на сиромаштијата во светот.

Секојдневно поскапуваат нафтените деривати, но и храната, платите не стигнуваат за преживување на месецот, а камоли за штедење.

И додека некој едвај заработува за да го помине месецот, некои си се луксузираат и како да не ги допира поскапувањата на буквално се околу нас.

Една од нив е и познатата српска фолк-пејачка Милица Тодоровиќ, за која досега нема кој не слушнал. Од мали години покажувала интерес кон музиката и на 13 години научила да свири на клавир.

Јавноста ја дозна со учеството во втората сезона од шоуто „Ѕвезде Гранда“. На само 14 години Милица беше најмладата натпреварувачка и победничка во ова шоу.

Во финалето ги испеа песните: „Превари ме“ и „Горе од љубави“, а освои 26.000 гласови. Подоцна успесите во музичката кариера почнаа да и се нижат, па издаде голем број на песни, дуети, албуми.

Освен со пеењето, Милица се покажа одлична и во актерските води, па откако Емир Кустурица го препозна нејзиниот талент за глума, па и даде улога во неговата опера „Време на Циганите“.

Милица важи за една од најзгодните и најатрактивни пејачки на музичката естрада која тврди дека никогаш немала естетски операции.

Освен тоа, пејачката пред две години се бо реше со килограмите за што говореше и јавно, но сега нејзината фигура ја доведе до совршенство, а за тоа сведочат и бројните комплименти од нејзините фанови.

– Најмногу ослабев за време на самоизолацијата. Имав време детално да се посветам на правилната исхрана, изјави Тодоровиќ и истакна дека сега не може ни да замисли да јаде нешто што порано редовно го конзумирала.

Но, покрај толку настапи и бакшиши, за пејачката нема зима, па може да си дозволи да се храни здраво, органско и да не мисли на цената. Тоа го докажа и во интервјуто за српската телевизија Прва, во кое јасно кажа што мисли за поскапувањето на животот.

– Видете, јас не возам, јас имам свој возач. Живеам еден убав живот, заслужила сум. Хонорарите ни се зголемуваат кога ќе извадиме некоја добра песна.

Не може да кажеш сега си ја дигнав цената, извини ама поради што? Јас заработувам од 13 години, не размислувам за тоа, си имам возач, а храна нарачувам. Така што ми се може, изјави Милица за Прва.рс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *