(ФОТО) Македонската пејачка заплива во актерските води – ќе ја гледаме во позната турска серија

  • By klaster3
  • ноември 3, 2022
  • 0
  • 191 Views

Македонската пејачка Елена Петреска важи за една од плејадата успешни пејачки која години наназад опстојува на нашата музичка сцена.

Кариерата ја започнала со пеење на детски фестивали и продолжила со студиите на Музичката академија во Скопје.

Елена завршила на петтото место со 67 бода на Скопскиот фестивал 2007 (македонски избор на Евровизија) со песната „Пеам“. На црногорскиот фестивал, Будва 2007, Петреска го освоила деветтото место со песната „Кад Лептир Слети“.

Таа е вработена во Националната опера и балет како дел од хорот, и иако не го исполнија сонот на нејзината мајка да стане оперска пејачка, таа е среќна во средината во којашто работи.

Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот, но секогаш има што да искоментира.

„Немам ништо против колегите од соседните држави, но факт е дека Македонија за нив е исто што и Австралија за нашите пејачи. Тука ги заработуваат најголемите хонорари“, изјави Петреска.

Елена е често активна на социјалните мрежи каде споделува делови од приватниот живот, па така и овојпат кога се пофали со нешто ново.


.
Имено, пејачката заплива и во актерските води па на социјалните мрежи сподели дел од кадрите: Денес ново искуство. Снимање филм. Кармен.

Станува збор за телевизиската серија „Ататурк“ која се снима на повеќе локации во Битола, Ресен и во Скопје од турската продуцентска куќа „Линистар Медиа“, во соработка со македонската продуцентска куќа „Сектор филм“, посветена на турскиот револуц ионер и реформатор Мустафа Кемал Ататурк.

Во снимањето на телевизиската серија „Ататурк“, во Битола, како статисти учествуваат околу 1.500 битолчанки и битолчани на различна возраст меѓу кои е и Елена Петреска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *