(ФОТО) Македонската водителка си доби свое почесно место на изложба – многумина ја споредија со Мона Лиза

  • By klaster3
  • септември 4, 2022
  • 0
  • 265 Views

Татјана Стојановска е една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки, жена која го негува литературниот македонски јазик и е секогаш елегантна и средена.

Секој работен ден македонската презентерка е подготвена за пред телевизиските екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во државата, регионот и светот.

– Мажот не треба да биде само убав треба да биде и шармантен. За на телевизија луѓето треба да гледаат убави ликови, важен е изгледот, а за радио пак гласот.

– Јас кратко бев во манекенските води, набргу потоа се префрлив на телевизија и на презентирањето, а за таму покрај тоа што треба да си убав треба да имаш и стас и глас.

– Порано имавме многу големи текстилни гиганти, кој одржуваа модни ревии ширум Македонија и каде што сите манекенки може да се покажат во најдобро светло, што не е случај денес.

-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.

Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.

Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.

– Мене детскиот сон не ми се оствари, бидејќи сакав да бидам професорка, планирав да предавам нешто поврзано со економијата, додава Татјана.

Татјана за разлика од некои нејзини колешки и познати јавни фаци не е многу активна на социјалните мрежи, но од време на време знае да сподели некоја објава.

Овојпат на Инстаграм профилот сподели нешто што за неа причинува огромно задоволство, а тоа е дека најде свое место на изложбата „Убавите жени на мојот народ“ на Славчо Максимовски во КИЦ.

Изложбата ќе трае до 14ти септември, а како дел од неа, покрај Татјана, се најдоа изложени и голем дел од јавните женски лица во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *