(ФОТО) Заврши акцијата: Иле од Кочани доби шанса за да живее во нормални услови – сега од него зависи дали ќе ја искористи

  • By admin
  • март 31, 2021
  • 0
  • 941 Views

Во групата Хуманитарна организација „Свети Спас“ Маргарет Курт објави уште една убава вест поткрепена со фотографии во која што вели:

Сигурно се сеќавате на случајот со младиот Иле од Кочани. Lidija Jecki која организираше собирна акција побара од нас да се вклучиме во хуманитарната акција за Иле од Кочани за реновирање на неговиот дом.

Во поглед на реновирањето купен е нов ламинат и монтиран, плочки кои исто така се наместени, окречена е куќата со вратите, купена нова влезна врата и обезбедена покуќнина со бела техника.

Тука завршуваме со оваа акција. Иле доби шанса за да живее во нормални услови. Дали ќе ја искористи таа шанса од него зависи.
Ви благодариме на сите за учеството.

Во продолжение може да погледнете како беше и како изгледа сега куќата на Илија Крстев од Кочани:

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *