Една од најубавите Македонки проговори за тешкото детство: Цело средно поминав во едни фармерки и тоа машки

  • By admin
  • март 31, 2021
  • 0
  • 2138 Views

Александра Шијакоска за многумина е позната, а за оние кои не ја знаат и првпат се среќаваат да кажеме дека таа е една од најпознатите модна блогерка и воедно една од најубавите Македонки.

Шијакоска на својот профил на инстаграм ја следат над 40 000 следбеници, а нејзините објави и сториња и тоа како привлекуваат внимание и се гледани.

„Да бидам искрена на почеток се соочив со многу тешкотии. Имаше моменти кога сакав да се откажам од сè. Еден ден ми е врежан во сеќавањето многу добро. Беше ладно, а јас требаше да се сликам и да се преслечам на улица.

Се сликав без никакви услови, одевме пеш затоа што немам кола, со куп ќеси во раце и буквално седнав на тротоар, смрзната, со солзи и безнадежно си кажав дека веќе нема да го работам ова.

Сите блиски се чудеа како сè уште немам откажано, кога го правам ова без никакви услови. И тогаш сфатив дека работите за кои сметав дека ме уназадуваат и дека се моја слаба страна, всушност беа мои предности и направија да се издвојувам од другите“, изјави Шијакоска во едно свое интервју и додаде:

„Сакам да патувам на мали и слатки места. Ако порано имав желба да ги посетувам светските метрополи, сега сакам да одам на места како Кападокија, Маракеш, италијанското крајбрежје Амалфи…

Ама да не претерувам, со оглед на тоа што не сум патувала многу, ми останува неоткриен целиот свет

Вчера Шијакоска на својот профил на Инстаграм во стори емотивно се потсети на своето детство, а меѓу другото напиша.

„Денес имам тон ташни, чизми, облека каква што сакам и тоа ми е работа. Ама работев напорно за да дојдам до тој ден. Многу напорно. И секој ден се заблагодарувам за се што имам. Верувам во себе и многу луѓе веруваа во мене.

Ме следат и помали девојчиња па сакам да знаат дека не мора и не треба да имаат 10 пара различни патики, ташни и фармерки барем се до додека не почнаат да си заработуваат само. Тогаш со свои пари може да си купите се што ве прави среќни.

Во друго стори пак таа напиша:

Јас се сеќавам на основно школо. Земавме свидетелства и само тогаш имаше сликање, а беа во мода едни прешироки фармерки со бројки долу. Хеланките беа најлошото и најстаромодното нешто.

Мене ми облекоа хеланки. Скарана му бев на татко ми една недела дека само јас ги немав широките фармерки и дека мора да носам хеланки. Затоа секогаш потенцирам, кога јас можам, сите можете.

Многу сакам да научите нешто од мене, немам што многу да понудам и да ви кажам ама барем ова, за секој има место на овој свет, на секој му стои среќата само трпение.

Александра притоа потенцираше и за еден убав потек за нејзините родители:

Проект за овој месец. Спална за мајка и татко. Си напишав goals за 2021, а оба беше прво на листата. Имаат 60+ години и никогаш неамеле нешто убаво. Ако имате 20+ години веќе треба да им возвраќате на родителите. Јас конечно имам можнос да направм нешто за нив и сум пресреќна. Ќе ви ставам пред и потоа штом средам се.

Во бројните објави на стори, онаа која остава најсилна порака на Шијакоска е она каде што вели:

Јас сум порасната во машки алишта од роднини, цело средно школо го поминавме со едни фармерки четири братучеди(уште ги чуваме фармерките за да се смееме на нив). Татко ми ми има раскажувано дека го облекувале во женски од сестрите. Па еве ништо не ни фали.

Не само алишта, немав многу работи поважни од тоа. Од кога знам за себе работам, прво со родителите, па сама. Почнав со минимална плата па нагоре. Тогаш почнав да си купувам по некоја ташничка, едни чизми и счично. Сама.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *