(ФОТО) Елена Живот со стил откри каде собира енергија за остатокот од годината

  • By klaster3
  • август 27, 2022
  • 0
  • 217 Views

Елена Стефановска е автор и водител на емисијата “Живот со стил” која се емитува веќе долги години во македонскиот етер. Посветена, упорна и жена со стил која знае што сака и не се плаши тоа да го добие.

Елена Стефановска е секогаш дотерана и негувана, таа е секако дама што се грижи за својот надворешен изглед, но и внатрешен, а во една прилика и зборуваше на таа тема:

– Секој ден ја чистам кожата на лицето. Кога ќе станам наутро задолжително го мијам лицето со ладна вода. Веднаш потоа го нанесувам серумот за лице со кремата за околу очи.

На крај, дневна хидратантна крема која убаво ја нанесувам и на вратот. Сакам природен изглед со лесна шминка, не сакам многу бои на моето лице кога немам снимања. Никако и никогаш не легнувам со шминка.

Затоа девојки мои, основната хигиена е најважна. Јас тој однос кон мојата кожа си го имам од кога знам за себе“, рече водителката која ја води емисијата Живот со стил.

За Елена, 2022 година почна на најубав можен начин. Во месец јануари на патување во Русија таа беше запросена од својот партнер, бизнисменот Бојан Најдоски на кого му кажа „да“.

Уште тогаш Стефановска се пофали на социјалните мрежи дека летово на 9ти јули ќе се случи и свадбата откако во заедничкиот дом имаа домашна забава по повод свршувачката.

Моминската вечер ја организираше на плажа заедно со нејзините најблиски дами, а забавата траела од утро до утро со уживање во вода, под сонце, со коктели, музика.

Елена-Живот со стил направи гламурозна свадба за паметење во скопскиот хотел „Double Tree by Hilton.“ Стефановска заблеска во две модни креации, во првиот дел од прославата носеше романтична, светкава и раскошна бела венчаница со тул кој се влечеше по земјата.

Елена летото го користи максимално за да ужива на топлото сонце и разбрануваното море, па така заедно со нејзиниот сопруг постојано патуваат, а деновиве ужива на островите Кефалонија и Закинтос.

Во опис на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи, Елена напиша: собирам енергија за остатокот од годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *